МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР | НОВА МАКЕДОНИЈА
Лилјана МАЗОВА
СКАЗНА И ОБЛОГОРОДЕН ПРОСТОР
ПО ПРВИТЕ ПРЕДСТАВИ НА МОТ: „СКАЗНА ЗА СИНОТО ЦВЕЌЕ» НА ТЕАТАРОТ „МАСКА И ДВИЖЕЊЕ” ОД САРАЕВО
Уште на стартот, во четвртокот вечерта, манифестацијата Млад отворен театар го потврд искуетвото од минатите години: вонредното интересирање на публиката. И на двете први представи со кои стартуваше МОТ ’83, просториите во кои се прикажуваа беа преполни, пред се од млади гледачи.
Во специфичниот амбиент на Сули — Ан, Теата-рот „Маска и движење” од Сараево во кој единствени членови се брачната двојка Ива и Петар Мандиќ, стари познаници на публиката на МОТ, настапи со својот најнов проект „Сказна за синото цвеќе”. И во овој труд, тие се автори на сценариото, режијата, маските, костимите, кореографијата и изведбата, се сретнавме со нивниот ентузијазам, амбициитв и професионалноста да се постигае совршенство. Всу-шност, „Сказна за синото цвеќе” е претстава рабо тена за деца и е слабодна варијацнја на Андерсено-вата „Снежна кралица”. За нешто помалку од еден час Ива и Петар Маидиќ оживуваат низа ликови од светот на бајките, го двмоисирираат своето чувство за создавање и употреба на маската, ритмичкото движење и визуелниот ефект. Брзите преоди во донеоувањего на новите ликови за нив не претставуваат речиси никаков проблем. Иако од сцена во сцена секој од нив двајцата е во нов лик, уиграноста достигнува висок степен. Играчите се движат брзо и сигурно, а нивниге маски и движања во интерпретацијата добиваат димензии на бестежинска состојба. Меѓутоа, голем хендикеп и за играчите и за публиката беше репродукцијата на музиката. Од стариот касетофон, на чија магнегофонска лента е снимен и гласот на девојчето што од време на време раскажува делови од приказната, само иа моменти можеше да се следи посолидна репродукција.